Последниве недели шпанските медиуми интензивно шпекулираа дека Родриго размислува за заминување од Реал Мадрид поради незадоволство од својата улога во тимот. Се појавија информации дека единствен начин да остане е ако новиот тренер, Чаби Алонсо, лично го убеди да продолжи во клубот.
Во претходните сезони, Родриго беше еден од клучните играчи на „кралскиот клуб“, со важни голови и настапи во одлучувачки натпревари. Но, со доаѓањето на Килијан Мбапе, неговиот статус во тимот на Карло Анчелоти значително ослабна, а бројот на одиграни минути се намали. Тоа ги поттикна гласините дека Бразилецот е разочаран и смета дека заслужува поголема улога.
Сепак, Родриго се огласи на социјалните мрежи со фотографии од тренинг и порака што може да се протолкува како смирувачка. Во описот напиша само една збор: „Feliz“ (среќен) давајќи на знаење дека е задоволен во Реал.
Според пишувањето на мадридскиот „АС“, Родриго по разговор со Чаби Алонсо одлучил да остане во Реал Мадрид. Наводно, заминувањето никогаш не му било прва опција, а Реал го гледа како клуб во кој сака да ја продолжи кариерата. Сепак, намалениот број минути го натерал да го преиспита својот статус.
Клучниот момент за пресврт бил искрениот разговор со новиот тренер. Алонсо му дал до знаење дека го гледа како дел од своите планови, но и јасно нагласил дека нема загарантирано место во стартната постава – за тоа ќе мора да се избори на тренинзите и преку настапите, исто како и сите останати.
FELIZ 😄🤍⚽️ pic.twitter.com/n8QbYhveSs
— Rodrygo Goes (@RodrygoGoes) June 10, 2025