Шкендија и Цаке ја продолжија соработката!(ВИДЕО)

135

Иако имаше понуди од други клубови, сепак Клисман Цаке се одлучи да остане во Тетово, да биде дел од Шкендија и во наредниот период. Раководството на шампионот утринава се пофали дека еден од најдобрите играчи во ПМФЛ и натаму ќе биде нивни играч.

Да потсетиме дека интернационалецот од Албанија под Шара дојде во јануари 2022 година, и се наметна како еден од најдобрите дефанзивци во нашата елитна лига. Тој и оваа сезона одигра фантастично и беше еден од најзаслужните што Шкендија по пауза од неколку години повторно дојде до шампионскиот пехар во нашата елитна лига.

Секако дека со ова најзадоволен е стратегот Јетон Беќири кој може да смета на Цаке во наредниот период.

ПретходноПо скандалот со Левандовски: Селекторот на Полска си поднесе оставка!
СледноКаква “БОМБА“: Сане го “запали“ Истанбул, сега Галата му нуди 20 милиони евра годишно на Осимен, а го сака и Гундоган!