Шокатнтни информации пристигаат од Саудиска Арабија. Имено Џон Дуран, напаѓачот од Колумбија кој во зимскиот преоден рок од Астон Вила направи трансфер во тимот каде што игра и Кристијано Роналдо, сака да си оди.
Да потсетиме дека Ал Наср за него и плати на Астон Вила речиси 80 милиони евра.
Причината за неговото незадоволство била таа што тој едноставно не може да се прилагоди на животот во Саудиска Арабија без разлика на тешките милиони евра кои заработува во Ал Наср.
Сето ова тој им го пренел на челниците на клубот, но секако дека Ал Наср така нема да го пушти туку ќе бара за откуп онолку пари колку што и даде за него.
Втора опција е да игра некаде како позајмен играч.