26-годишната Бразилка, Изабела Де Жезус Клементе Фереира од вчера е ново засилување за финалистот во македонскиот Куп, екипата на ЖРК Чаир.
Фереира во Чаир доаѓа од тимот од Алавериум од Португалија. Бразилката е веќе етаблирана ракометарка во португалскиот шампионат и ќе биде големо засилување за македонскиот тим. Во својата кариера Фереира уште има настапувано за Сорокаба од Бразил и Сао Педро од Португалија.
Претходно, ЖРК Чаир се засили и со голманот Ема Кирова и Мила Трајковиќ, со што клубот продолжува активно да се подготвува за новата сезона во која го чека настап во ЕХФ Европскиот куп.