„Лука Дончиќ треба да сфати дека Лејкерси не се Далас“

1073
Фото: ЛА Лејкерс/Фејсбук

Легендата на Лос Анџелес Лејкерс, Меџик Џонсон, верува дека Лука Дончиќ треба да разбере дека повеќе не игра за Далас.

Словенечкиот играч ги напушти Маверикс во шокантна размена што се случи во февруари и се пресели во Лос Анџелес Лејкерс.

„Лука треба да разбере дека ова не е Далас. Коби, нека почива во мир, тој е суперѕвезда што нè водеше, Шек нè водеше до титулата, Леброн нè водеше. И тоа е она што недостасува овде. Не треба да ви кажуваме да се вратите во форма, треба да го правите тоа, нели? Особено затоа што сте суперѕвезда“, изјави Џонсон за ESPN.

Лејкерси ја завршија оваа сезона во првото коло од плејофот, кога беа елиминирани од Минесота со 4-1.

Дончиќ беше најдобриот играч во таа серија, со просек од 30,2 поени, седум скока и 5,8 асистенции.

ПретходноМемиќ: Сакаме да го израдуваме градот, но и целата нација!
СледноДејвис куп: Мицов со уште една важна победа за Македонија