Успешен старт на репрезентацијата на Македонија А на турнирот “Марко Божиновски“ и победа над Катар со 29:25. Нашата млада селекција во финишот дојдоа до победа против жилавиот противник.
Со ова стартуваше меморијалниот турнир “Марко Божиновски“.
Во моментов се игра и мечот меѓу Србија и Романија.
Утре се среќаваат Катар – БиХ (10 ч), Македонија Б – Романија (11.30 ч), Македонија А – БиХ (18.30 ч), Македонија – Србија (20.30 ч).
Во недела пак се играат мечот за 5 место (09.30 ч), мечот за трето место (11.30 ч) и финалето (18 ч).