Одбојкарките вечерва во Струмица против Израел во претпоследниот меч од Сребрената лига

124
фото: CEV.lu

По двете победи во досегашните четири настапи, вечерва во салата „парк“ во Струмица, женската одбојкарска репрезентација на Македонија ќе го одигра петтиот, претпоследен меч во Сребрената лига на ЦЕВ. Избраничките на селекторот Пауновиќ оваа сезона ги остварија првите историски победи за македонската женска репрезентација против Луксембург и Фарските острови, со што покажаа напредок од своите последни европски настапи.

Покрај овие две победи, Македонија претрпе и два порази од објективно посилните репрезентации на Швајцарија и Австрија, па сега на ред се последните два меча со Израел и Грузија во кои ќе се надеваме на уште еден успех.

Вечерашниот дуел (19 ч.) со Израелките ќе биде убава шанса да се обидеме да одиграме квалитетен меч со репрезентација која би требало да е на слично ниво како и нашата, додека утре против Грузија ќе се обидеме објективно да дојдеме до нова победа за завршница на овој настап. Нашите девојки покажаа дека на квалитативно ниво има поместување од минатата година, па сега останува тоа да го потврдат и со последните два настапи.

Судии на вечерашниот меч со Израел ќе бидат Иванов од Бугарија и Мула од Грција.

ПретходноБразилско засилување за ЖРК Чаир: Фереира е нов лев бек на „чаирчанки“
СледноНово поглавје за Флекс Кредит – пристигнавме и во Црна Гора!