Во драматичен натпревар вечерва во салата „Парк“ во Струмица, женската одбојкарска репрезентација на Македонија загуби од Израел со 2:3 во меч од 5. коло во Сребрената лига на ЦЕВ. Нашите репрезентативки покажаа дека оваа година играа одлична одбојка, па по победите над Луксембург и фарските Острови, беа многу блиску и до трета победа, но не успеаја да се снајдат најдобро во последните два сета кога Израел успеа да направи пресврт за триумф.
МАКЕДОНИЈА – ИЗРАЕЛ 2:3 (14-25, 25-18, 25-22, 14-25, 10-15)
Тамара Стојанова одигра извонреден меч и успеа да реализира 19 поени. Во нашиот табор Терзиевска и Фасулева одиграа исто така одличен меч во кој завршија со по 13 поени.
За нас останува само уште еден меч, утре против Грузија, со кој на најдобар можен начин треба да го завршиме натпреварувањето.