Зинедин Зидан ја презема Франција веднаш по завршување на СП 2026. Ова го пренесува “АС“, кој од свои доверливи извори истакнува дека легендарниот француски фудбалер и некогашен тренер на Реал Мадрид едвај чека да седне на клупата на селекцијата на својата земја.
Познато е дека на Дидие Дешамп договорот му истекува по завршувањето на Мундијалот следната година и беше јавно објавено дека и двете страни немаат намера истиот да биде прдолжен.
Во меѓувреме, во изминатите година -две, легендарниот Зизу беше поврзуван како стратег на Реал Мадрид, Баерн Минхен, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Јувентус, но сепак ништо од тоа не се оствари.
По ова очигледно е дека Зидан со мислите е веќе кој селекторската функција на својата земја.
ФОТО: Реал Мадрид ФЦ/ФБ