Рабио не ја прифати поканата на Алегри да се пресели во Милан

144

Адриен Рабио веројатно нема да се пресели во Милан во текот на ова лето.

30-годишниот играч од средниот ред јасно стави до знаење дека има намера да остане во Марсеј и да го одработи неговиот договор со клубот кој важи до јуни 2026 година.

Претходно беше објавено дека Рабио бил поканет во Милан од новиот тренер на „росонерите“, Масимилијано Алегри, кој го познава од времето кога беа заедно во Јувентус.

ПретходноНуман Ајети од Шкупи се пресели во Шкендија
СледноМакедонија У14: Станковски го објави списокот за двомечот со Албанија