Од денеска Дашмир Елези е нов член на Работнички. Секако дека ова е големо засилување во нападот за еден од најтрофејните клубови во Македонија, кој ова лето ќе игра во фудбалска Европа.
Да потсетим, Елези е рекордер во ПМФЛ откако со 16 години и еден ден имаше деби во дресот на Шкендија во нашата елитна лига и беше стрелец на своето деби.
Важеше за мега – талент во мак – фудбалот. Инаку Елези доаѓа од Приштина, а претходно играше и за Локомотива Загреб.
Ако се врати во својата позната форма, тогаш ова за Работнички ќе биде и тоа како огромно засилување.
Да кажеме и тоа дека има играно за сите младински селекции на Македонија.
ФОТО: ФК Работнички/ФБ