По 4,5 години Стефан Ристовски не е веќе дел од Динамо Загреб. Ова офцијално го потврдија и “модрите“ и самиот Ристовски, секако и двете страни со пригодни зборови.
Посебно емотивно беше збогувањето на Македонецот.
Инаку познато е дека Стефан е голем пријател со мега – ѕвездата на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Португалија, Бруно Фернандеш уште од времето кога двајцата заедно играа за Спортинг Лисабон.
Па така не беше изненадување што на својот Инстаграм и самиот Бруно му испрати порака на својот македонски пријател.
ФОТО: НК Динамо Загреб/ФБ