Екипата на Шкендија на својата официјална страница објави дека следната сезона нема да смета на Зија Мерџани и Ристо Јанков, двајца фудбалери со кои ја прекина соработката.
„Зија Мерџани и Ристо Јанков повеќе нема да бидат дел од Шкендија, а клубот им се заблагодарува на двајцата играчи за нивниот придонес во црвено-црниот дрес. Со завршувањето на сезоната 2024/2025, договорот на Мерџани истече, а играчот не ги прифати понудените услови за обновување. Во меѓувреме, Јанков беше под договор, но раководството одлучи да ја прекине соработката, за да му се даде можност на играчот да најде средина каде што ќе има повеќе минути за играње“, се вели во соопштението на клубот.
Зија Мерџани, 29 години, е производ на фудбалската школа на Шкендија. Голманот Ристо Јанков (26) се приклучи на тимот во јануари оваа година. Иако не успеа да го пронајде посакуваниот простор за активирање, по меѓусебен договор страните одлучија да го раскинат договорот, давајќи му можност на Јанков да бара нова средина каде што ќе може да има повеќе играчки минути.