Нашиот најтрофеен клуб и актуелен победник во Купот на Македонија, денеска со првиот тренинг ги стартуваше подготовките во Раденци, Словенија.
Тука е и шефот Гоце Седлоски, кој деновиве престојуваше во Хрватска а тука беа и новите негови асистенти Драган Начевски и Антонио Бошевски. Допрва ќе се приклучат интернационалците од Африка.
Инаку сите во таборот на Вардар се во очекување на ждрепката во Нион која ќе се одржи во вторник, кога ќе се дознае ривалот за 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции.
Познато е одамна дека избраниците на Седлоски на подготовките во Словенија ќе одиграат и неколку пријателски мечеви со силни противници.
На 17 јуни противник е Будуќност, потоа на 21 јуни ќе се игра со Олимпија, новиот клуб на Димитар Митровски, а на 27 овој месец ривал е Динамо Букурешт.