Дејвис куп: Мицов со уште една важна победа за Македонија

166
Фото: Игор Паневски

Дејвис куп репрезентацијата на Македонија дуелот со Ерменија го почнува со водство од 1-0 откако во исцрпувачки меч за двајцата тенисери Стефан Мицов го совлада Микаел Аванесјан со 2-1 во сетови (6-7(4), 6-3, 6-4). Во меч што траеше 3 часа и 2 минути.

Првиот сет во кој немаше ниту еден брејк беше решен во „13.тиот гем“, а тенисерот од Ерменија го почна добро и поведе со 4:0 со поени што беше доволна предност за да го добие сетот. Во вториот сет Аванесјан поведе со 3:0 во гемови, но потоа следуваше серија од шест гема за Мицов кој го доби сетот со 6:3 во гемови и изедначи на 1-1 во сетови. Драма во решевачкиот сет во кој и двајцата тенисери побараа медицинска помош, а Аванесјан тоа го направи во повеќе пати и притоа поради грчеви по осмиот гем беше на чекор и да го предаде мечот. Ерменецот поведе со 2:0 во гемови, Мицов изедначи на 2:2, пошто следуваа нови два гема за ерменскиот тенисер и 4:2 водство. Но, Мицов (истотака имаше проблеми со грчеви) успеа да ги освои следните четири гема и да го добие сетот со 6:4 и мечот со 2-1 во сетови за водство на Македонија од 1-0.

Во вториот меч сингл Калин Ивановски за Македонија ќе игра против Микаел Аветисјан.

Претходно„Лука Дончиќ треба да сфати дека Лејкерси не се Далас“
СледноФенербахче со бомбастична понуда за Нејмар