Динамо Загреб потврди: Стефан Ристовски си оди после четири и пол години

367

Она што беше најавено сега доби потврда. Поранешниот македонски репрезентативец, Стефан Ристовски го напушта Динамо Загреб.

Тој се приклучи на синиот клуб на почетокот на февруари 2021 година, а во меѓувреме освои осум трофеи: четири шампионски титули, два трофеи на победниците на Куповите и два Суперкупа. Одигра 185 официјални натпревари во Динамо со седум постигнати гола и 21 асистенција. Ако ги додадеме и пријателските дуели, бројката се искачува на 206 настапи.

„Навивачите на Динамо го прегрнаа во неговите рани денови, првенствено поради неговата силна енергија, ангажман и страст. На теренот, тој секогаш гордо го носеше дресот на Динамо и на крајот стана еден од ко-капитените на тимот. Целиот ГНК Динамо му се заблагодарува на Стефан за сè што даде за нашиот клуб и му посакува многу среќа и успех во остатокот од неговата кариера“, се вели во сооопштението на Динамо. 


ПретходноМакедонија У14: Станковски го објави списокот за двомечот со Албанија
СледноЈувентус го завери Тудор до 2027 година