Младите ракометари на Пелистер ќе играат на завршницата во Лигата на шампионите, во полуфиналето ќе ги одмерат со дански ГОГ Гудме. Иако станува за силен противник, сепак од таборот на битолчани се надеваат на изнеандување.
„За Келн се подготвувавме постојано благодарение на добрите услови што ни ги обезбедува нашиот клуб. Ние имаме свој начин и систем на игра, така да сме подготвени на предизвиците пред секој противник. Нормално дека има посебна емоција и возбуда кај секого во нашиот тим, меѓутоа одиме мирно и сталожено до нов успех. Не секогаш на ваквите турнири победуваат фаворитите, па очекуваме да бидеме изненадување, при што веруваме и се надеваме дека ќе го израдуваме градот и државата со освојувањето на истиот.“, изјави Фарук Мемиќ.