Машката селекција на Македонија за играчи „Под 20“ години со пораз го започна своето неколкудневно гостување во Романија.
На средбата одиграна во Тарговиште, младинскиот тим на Романија беше подобар од македонскиот, стигна до сигурна победа (79:61).
Домашната селекција имала почетно водство (18:10) во првиот период, но во наредните два македонските надежи, не дозволија таа разлика да биде поголема.
На полувремето заостануваме со нешто пониски (28:35), слично беше и по три одиграни четвртини, водство на Романците (54:46). Потоа следува најефикасната четвртина на домашната селекција, која ја предводи нашиот тренер, Тане Спасев, за убедлив триумф на првата проверка.
Онаа втората е закажана на истото место, утре попладне (од 18.часот по локално време).
На овој меч, Стојковиќ, со 20.реализации беше најдобриот поединец во нашата младинска репрезентација.
Поени уште постигнаа: Ќириловски 7, Стојанов, Кечовски и Зетов по 6, Муарем имаше 5, Младеновски 4, Јакимовски 3, Величковски и капитенот Луканоски по 2.