Пет тима преговараат за Дурант, Хјустон е во најдобра позиција

625
Фото: Феникс Санс/Твитер

Екипата на Феникс Санс влезе во активни преговори со пет тима за размена на една од главните ѕвезди во составот, Кевин Дурант

Санс имаат намера да го продадат Кевин Дурант пред почетокот на НБА драфтот.

Според инсајдерот Шамс Чаранија, во текот на изминатите 24 часа, Феникс активно преговарал за размена на Кевин Дурант со Мајами, Њујорк, Хјустон, Сан Антонио и Минесота.

Размената ќе се случи пред драфтот, кој ќе се одржи на 25 јуни. Повеќе прогнози велат дека најблиску до потписот на Дурант е екипата на Хјустон.

ПретходноБразил ќе има рекордни 142 фудбалери на Светското клупско првенство
СледноСамо што си замина од Хајдук, сега е на пат да стане селектор на Италија