Познато е кога Зидан ќе седне на клупата на Франција!

572
ФОТО: Real MadridFC/X

Зинедин Зидан ја презема Франција веднаш по завршување на СП 2026. Ова го пренесува “АС“, кој од свои доверливи извори истакнува дека легендарниот француски фудбалер и некогашен тренер на Реал Мадрид едвај чека да седне на клупата на селекцијата на својата земја.

Познато е дека на Дидие Дешамп договорот му истекува по завршувањето на Мундијалот следната година и беше јавно објавено дека и двете страни немаат намера истиот да биде прдолжен.

Во меѓувреме, во изминатите година -две, легендарниот Зизу беше поврзуван како стратег на Реал Мадрид, Баерн Минхен, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Јувентус, но сепак ништо од тоа не се оствари.

По ова очигледно е дека Зидан со мислите е веќе кој селекторската функција на својата земја.

ФОТО: Реал Мадрид ФЦ/ФБ

ПретходноНе му се оди во пензија: Милнер уште една година во Брајтон, сака да го урне рекордот во ПЛ!
СледноЛудило во НБА-финалето: Драма и пресврт во режија на МВП-то за спас на Тандерс (ВИДЕО)