Романо: Вирц ќе потпише веднаш штом се врати од одмор

369
фото: Liverpool FC & Germany (X)

Инсајдерот Фабрицио Романо на неговиот Јутјуб канал објави дека договорот меѓу Ливерпул и Баер Леверкузен за Флоријан Вирц е постигнат, но формализирање на договорот засега нема, бидејќи 22-годишниот Вирц е на одмор.

„Тој ќе ги направи лекарските прегледи штом ќе се врати од одмор… нека ужива во својот одмор“, објави Романо.

Тој објасни дека процесот сега е во техничка фаза, а документите се разменуваат и договорите се подготвуваат, но навивачите кои се надеваат на брзо преставување на Вирц ќе треба да бидат трпеливи.

ПретходноДимитар Митровски потпиша за словенечкиот шампион Олимпија!
СледноОдбојкарите вечерва против Летонија по прва победа во Златната лига на ЦЕВ