Фудбалерот на Интер заглавен во својата татковина, не може да патува на Светското првенство

448
фото: Inter (X)

Фудбалерот на Интер, Мехди Тареми, е во својата татковина Иран, која веќе два дена е во војна со Израел, и засега ќе остане таму поради неможноста да ја напушти земјата.

Тареми нема да може да му се приклучи на тимот кој се очекува да учествува на Светското клупско првенство во САД (15 јуни – 13 јули). Сите аеродроми во Иран моментално се затворени, летовите се откажани, па Тареми ќе мора да почека поповолни околности за да полета од земјата, но прашањето е кога ситуацијата ќе се врати во нормала.

Мехди требаше директно да отпатува од Иран во Калифорнија, каде што тимот се подготвува со новиот тренер Кристијан Киву. Како што стојат работите, Тареми ќе го пропушти целиот турнир.

ПретходноРеал ја осигура иднината во одбраната: Асенсио со нов договор и клаузула од милијарда евра!
СледноЗајков: Ајман ќе биде ново искуство, во репрезентацијата владеат другарството и респектот