Ова лето мак – фудбалот ќе биде застапен со четири екипи во фудбалска Европа на клупско ниво. Шкендија во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, Вардар, Работнички и Силекс во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции.
Во вторник (17 јуни), некаде после 12 часот нашите клубови ќе ги дознаат своите ривали откако ќе се одржи ждрепката во Нион.
Шкендија е во групата на неносители за 1.квалификациско коло во ЛШ и ова се сите можни ривали на нашиот шампион:
-Лудогорец (Бугарија), ФЦСБ (Романија), Олимпија (Словенија), Малме (Шведска), Жалгирис (Литванија), РФС Рига (Летонија), Зрински (БиХ), Линколн (Гибралтар), КуПС (Финска), Њу Саинтс (Велс), Дрита (Косово), Бреидаблик (Исланд), Линфилд (С. Ирска), Будуќност (Црна Гора).
На денот на ждрепката, како што информираат од УЕФА, значи во вторник околу 9 часот ќе бидат познати групите, поточно скратениот список со можните ривали на Шкендија.
Во среда (18 јуни), ќе се одржи и ждрепката за 2.квалификациско коло во ЛШ. Познато е дека ако Шкендија успее да ја мине првата пречка тогаш ќе игра во 2.квалификациско коло во ЛШ. Во случај пак да биде елиминирана на стартот, тогаш својот европски настап ќе го продолжи во 2.квалицикациско коло во ЛК, но во “шампионскиот пат“.
Мечевите од водедното коло се закажани за 8/9 и 15/16 јули.
Во Лигата на Конференции за 1.квалификациско коло Вардар, Работнички и Силекс ќе бидат во групата на неносители, па така ова се можните ривали:
-Шамрок Роверс (Р. Ирска), Борац Бања Лука (БиХ), Хелсинки (Финска), Флора Талин (Естонија), Клаксвик (Ф. Острови), Викингур Рејкјавик (Исланд), Пјуник (Ерменија), Петрокуб (Молдавија), Ларне ФЦ (С.Ирска), Паиде (Естонија), Ф91 Дуделанж (Луксембург), Партизани Тирана (Албанија), Сент Патрик (Р. Ирска), Ла Фиорита (Сан Марино), Сутјеска (Црна Гора), Влазнија Скадар (Албанија), Кауно Жалгирис (Литванија), Ордабаси (Казахстан), Флоријана (Малта), НК Копер (Словенија), Дечич (Црна Гора), Урарту (Ерменија), Торпедо Жодино (Белорусија), Сент Џозеф (Гибралтар), Дила Гори (Грузија).
Како и во ЛШ, така и овде на денот на ждрепката, на 17 јуни околу 9 часот, ќе се знаат групите и скратениот список со можните ривали на Вардар, Работнички и Силекс.
Во среда (18 јуни) ќе се одржи ждрепката за 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции, па така нашите претставници веднаш ќе знаат со кого би се сретнале во втората рунда ако ја минат првата пречка.
Инаку мечевите од 1.квалификациско коло во ЛК се закажани за 10 и 17 јули.