Втор ден: Двојна програма на турнирот „Марко Божиновски“

117

Денеска продолжуваат натпреварите на меѓународниот турнир „Марко Божиновски“, кои се играат на истоименото отворено игралишите. Првиот ден мина во победи на Македонија А тимот и на Србија. Избраниците на Горан Кузманоски славеа против Катар со 29-25, додека пак Србија беше подобра од Романија со 29-27.

Денеска ќе го видиме и вториот тим на Македонија до 17 години, првиот меч го игра во 11:30 против Романија.

Натпреварите се поделени во два дела, два ќе се одиграат во поран термин поради високите температури, додека останатите два се закажани за после 18 часот.

МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР – МАРКО БОЖИНОВСКИ U17
14.06.20205 – САБОТА
10:00 часот КАТАР – БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
11:30 часот РОМАНИЈА – МАКЕДОНИЈА Б
18:00 часот МАКЕДОНИЈА А – БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
20:30 часот МАКЕДОНИЈА Б – СРБИЈА

Во рамки на Меморијалниот ракометен турнир „Марко Божиновски 2025“, во соработка со Црвениот крст е организирана хуманитарна крводарителска акција
📍 Локација: Спортски центар „Марко Божиновски“ – Ново Лисиче
📅 Датум: 14 јуни (сабота)
🕘 Време: од 09:00 до 15:00 часот

Како што велат од Фондацијата „Марко Божиновски“ – со една дарувана кеса крв можете да спасите три животи.
Дарувајте крв и станете нечиј херој.
Ова е наш начин да покажеме што значи вистинска солидарност – во чест на Марко, кој својот живот го посвети на спортот, тимскиот дух и хуманоста.

ПретходноУште едно големо име доаѓа во Ливерпул!
СледноДрама во Израел: Иранските проектили ја погодиле заградата во која живее Димитрис Итудис