Според израелските медиуми, за време на жестокиот одговор на Иран на израелските воени акции, околу 100 ракети биле испукани кон израелска територија, од кои некои ги погодиле централните делови на земјата.
Меѓу целите била и областа во близина на тренинг центарот Хапоел Тел Авив, каде што престојува Итудис. Една од ракетите паднала во непосредна близина на зградата каде што се наоѓа неговиот стан.
Иако дел од зградата била оштетена во експлозијата, според последните информации, станот на грчкиот тренер останал недопрен бидејќи се наоѓа на спротивната страна од зградата од местото на ударот. Во времето на нападот, никој од семејството Итудис не бил во станот, со што се избегнала потенцијална трагедија.
Според официјалните податоци од израелската служба, вкупно 63 лица биле повредени во ракетниот напад – двајца се борат за живот, едно е во сериозна состојба, додека осуммина имаат умерени повреди.
Поголемиот дел од луѓето претрпеле полесни повреди или побарале помош поради последиците од вознемиреноста предизвикана од нападот.