Женската кадетска одбојкарска репрезентација на Македонија утре ќе игра во битка за 5. место на Балканското првенство во Тирана, Албанија. Избраничките на селекторот Александар Митев остварија една победа и два порази во натпреварите од групната фаза, па сега ќе вкрстат со сомашната селекција, во битката за пласман на 5. место.
Вчера во последното трето коло од групната фаза Македонија загуби со 0:3 (18:25, 15:25, 6:25) од селекцијата на Турција.
Мечот за 5. место е на програмата утре од 14 часот.