Клуб од Белфаст е рекордер во Европа по бројот на освоени титули во првенствата, Реал е седми, Ц. Звезда на 10.место! (ФОТО)

224

Сега откако завршија првенствата во сезоната 2024/25, барем во најголем дел, некаде се играат во периодот март – номеври, откако се знаат шампионите на земјите во Европа убаво ќе биде да се навратиме малку во историјата.

Имено ретко кој знае, па и оние пасионирани фудбалски фанови, кој клуб на Стариот континент е рекордер по бројот на освоени титули во домашните првенства.

Тоа да ти бил Линфилд од Белфаст, актуелниот шампион на С. Ирска, на кого ова му беше 57 титула во првенството на својата земја.

Линфилд го споменуваме најчесто кога се играат квалификациите за ЛШ, ЛЕ или ЛК и толку. Инаку овој клуб е основан во далечната 1886 година или 17 години пред кај нас да се случи Илинденското востание, па видете сега која е тоа традција.

На делба на второто место се Селтик и Глазгов Ренџерс, па следуваат Олимпијакос, Спарта Прага, Реал Мадрид.

Интересно Ц. Звезда со 36 титули се наоѓа на 10. место во Европа…

ФОТО: ФЦ Линфилд/ФБ

Ова се 24 најтрофејни клубови во Европа по освоени титули во домашните првенства или шампионати:No description available.

ПретходноНе се случи чудо: ГОГ пресилен за младиот Пелистер
СледноФуксе Берлин по историско финале, Барса по доминација!