Лацио носи репрезентативец на Србија

192

Само што си замина од Италија, репрезентативецот на Србија, Јан Карло Симиќ можно е повторно да заигра во Серија А. Неговиот мандат во Милан мина подпросечно, па тој замина во Андерлехт, каде што се препороди играчки. Па така, по само една година во Белгија, можно е Симиќ повторно да заигра во Италија.

Поточно, тимот на Лацио, кој има нов тренер во името на Маурицио Сари има желба да го доведе како дел од новиот реконструиран тим.

Е сега, интересно е што Андерлехт за Симиќ бара 13 милиони евра, дури десет повеќе од оние три колку што ги плати за него минатото лето.

 

ПретходноМарко Николиќ и официјално е нов тренер на АЕК
СледноСКП: Интер Мајами на Меси одигра 0:0 против Ал Ахли! (ВИДЕО)