Младите ракометари на Пелистер ќе се борат за третото место на фајнл-фор завршницата во Лигата на шампиони, таму за противник ќе го имаат поразениот од мечот меѓу Веспрем и Барселона.
Во првото полуфинале, македонскиот тим беше убедливо совладан од фавортитот ГОГ со 21-35.
После мечот, Кире Митревски даде кратка анализа.
„Игравме против една школа која е многу подобра од нас. Победата на ГОГ не е случјана, покажаа квалитет и добра игра, не добија во секој сегмент од мечот, честитки до нив. Нам ни останува да се одмориме за утрешниот натпревар за третото место. Очекувам да дадеме се од себе и да го добиеме тој меч“.