Младинските ракометари на Е. Пелистер утре во битката за третото место на младинскиот Ф4 турнир во Лигата на шампионите ќе се сретнат со екипата на Барселона.
Откако денеска загубија од дански ГОГ во полуфиналето, младите „пелистерци“ го чекаа расплетот на дуелот меѓу Веспрем и Барселона кој на крајот заврши со победа на Унгарците од 43-42, по две продолженија. Во регуларниот дел полуфиналето меѓу овие два тима заврши нерешено, 35:35.
Мечот за третото место меѓу Барселона и Е. Пелистер ќе се одигра утре од 9 часот.