Младиот тим на Пелистер може да испише нова историја во европски рамки. За еден час ракометарите на македонскиот тим го играат полуфиналето против ГОГ во рамките на младинската завршница во Лигата на шампиони.
Мечот стартува во 9 часот, а се игра Дормаген. Во втората полуфинална двојка ќе се сретнат Барселона и Веспрем. Победниците одат во финалето. Овие два меча се загревање за она што ќе се случува во Келн, а тоа е фајнл-фор завршницата во Лигата на шампиони.
Пред мечот ракометарите на Пелистер изразија респект кон противникот, но и најавија максимална битка на теренот, нивната цел е да ги направат и битолчни, и целата нација горди.