Не се случи чудо: ГОГ пресилен за младиот Пелистер

395

Ракометарите не Пелистер не успеаја да приредат сензација на завршницата на младинскиот фајнл-фор во Лигата на шампиони. Дански ГОГ на дело покажа зошто е фаворит, славеше против македонскиот тим со убедливи 21-36. Во финалето данскиот клуб ќе игра со подобриот од Веспрем и Барселона.

Битолчани беа рамноправен противник само на стартот на мечот, поведоа со 3-2, по што противникот со серија од 4-0 дојде на 4-8, а потоа без проблем ја одржуваше позитивата, на одморот резултатот беше 12-17.

Не се смени ништо ниту во второто полувреме, ГОГ продолжи да доминира, после десет минути игра имаше предност од 13-23, ова беше доволно за да рутински ја заврши оваа средба.

Хаџиќ и Буторац со по четири погодоци беа први стрелци кај македонскиот тим.

За младите ракометари на Пелистер учеството на Ф4 завршницата останува големо искуство за во иднина.

ПретходноПол Погба се враќа на голема врата
СледноКлуб од Белфаст е рекордер во Европа по бројот на освоени титули во првенствата, Реал е седми, Ц. Звезда на 10.место! (ФОТО)