Стрелецот на Аталанта, Адемола Лукман и официјално што се вели е следната трансфер цел на шампионот на Италија, тимот на Наполи. Според денешното издание на Газета Дело Спорт, шампионот е подготвен за исплати цели 50 милиони евра отштета за напаѓачот, додека пак Аталанта смета дека треба да добие десетина милиони повеќе.
Каде и на колкава сума ќе се најдат двата клуба ќе покаже времето, но во секол случај Лукман реално е да се најде во Неапол летово.
Тој според јавноста во Италија е класична замена за Кварацкелиа кој што замина во ПСЖ од Наполи.