Андреј Стојчевски во Словачко до 2028 година

248
фото: 1.FC Slovácko (Facebook)

Младиот фудбалски репрезентативец на Македонија, Андреј Стојчевски, кој на мечот со Белгија дебитираше во првиот состав на нашата репрезентација, останува во екипата на Словачко и за следната сезона.

Како што објави чешкиот тим, кој во пролетната полуетапа од минатата сезона го позајми Стојчевски од екипата на Жилина, постигнат е договор меѓу двата клуба за откуп на договорот на нашиот репрезентативец, кој потпиша договор со Словачко до летото 2028 година.

ПретходноМладинците на Пелистер против Барса во малото финале на Ф4 турнирот во ЛШ
СледноИвановски славеше, Македонија обезбеди место во Втората светска група на Дејвис Купот