Башкими се огласи, Јанакиевски повеќе не е тренер

447

Предмалку, новиот прволигаш, тимот на Башкими објави информација во која се вели дека досегашниот тренер, Баже Јанакиевски ја напушта функцијата. Тој секако ја немаше потребната лиценца за да го води тимот во првата лига, и секако клубот е во потрага по адекватно решение.

Башкими во соопштението му се заблагодарува на Јанакиевски за соработката, и за начинот на кој што го водеше тимот во изминатиот период.

Башкими токму со Јанакиевски на чело по долги години повторно се врати во првата лига.

ПретходноСудот во Фиренца осуди тројца доктори за смртта на Давиде Астори
СледноГерманско финале во ЛШ: Магдебург по голема драма ја победи Барса