Ивановски славеше, Македонија обезбеди место во Втората светска група на Дејвис Купот

165

Македонските тенисери изборија пласман во Втората Светска група на Дејвис купот. Македонија во 2010 година последен пат играше во Втората Евро-африканска зона, што значи и промоција по 15 години.

Мечот со Летонија не е завршен, но Калин Ивановски изедначи на 1:1 со победата од 2-0 во сетови (63, 64) против Артус Жагарс. Пласманот односно промоцијата беше обезбедена и пред почетокот на мечот на Ивановски бидејќи на теренот број 5 Црна Гора го доби дуелот со Молдавија со 3:0, откако Молдавија ги предаде двата меча, а првиот го загуби.

Во првиот сет Иваноски поведе со 1:0 во гемови, а во вториот гем по голема борба и одиграни 22 поена Жагарс изедначи на 1:1. Тоа што не го искористи Калин во вториот гем, го направи во осмиот гем од првиот сет и поведе со 5:3, а во следниот гем ја искористи третата сет топка за водство на Македонија од 1:0. Во вториот сет по 2:2 без брејк следуваа пет гема во кои имаше брејк и притоа по завршувањето на деветтиот гем Ивановски имаше предност од 5:4 и по 18 поени во гемот ја искористи петтата брејк топка. Во следниот гем на свој сервис ја реализираше и првата сет-меч топка за 2:0 во вториот сингл и изедначување на 1:1.

Во мечот во двојки кој ќе решава за победникот за Македонија ќе играат Ивановски и Мицов, додека за Летонија ќе настапат Карлис Озолинс и Роберт Стромбачс.

ПретходноАндреј Стојчевски во Словачко до 2028 година
СледноМеморијал „Марко Божиновски“: Македонија (Б) подобра од Романија