Одбојкарките одиграа уште еден егал-меч, но загубија од Грузија

198
фото: CEV.eu

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија загуби во последниот меч од Сребрената лига на ЦЕВ, откако вечерва во Струмица, Грузија славеше против избраничките на селекторот Пауновиќ со 3:1.

ГРУЗИЈА – МАКЕДОНИЈА   3:1 (20-25, 25-21, 25-23, 25-22)

И денениот меч го отворивме добро, успеавме да го освоиме првиот сет, но потоа не ги искористивме нашите шанси во следните три сета. Грузија се чини имаше повеќе нерви во завршницата на сетовите и успеа да ја запише својата трета победа во натпреварувањето.

Вечерва во нашата репрезентација Тамара Стојанова и Ана Фасулева повторно беше одлични со по 17 реализирани поени, а Терзиевска ги следеше со 11 поени. За македонската женска одбојка ова е уште едно големо искуство на меѓународната сцена.

ПретходноФабио Канаваро на пат за Русија
СледноСерија А за прв пат ќе се игра на друг континент