Серија А за прв пат ќе се игра на друг континент

449

Дуелот помеѓу Милан и Комо, од новиот шампионат во Серија А, од сезоната 2025/26, кој што е закажан за 6. фебруари 2026 година ќе се игра ни помалку ни повеќе туку во Перт, Австралија.
Ова ќе биде првиот одигран меч од Серија А, на друг континент. Причината за тоа е отворањето на Олимписките игри кои што ќе се одржи токму на Сан Сиро па Милан ќе мора да се сели за овој датум.

Перт е град со 2.3 милиони жители и е одбран за оваа прилика поради италијанската дијаспора таму.

Серија А, инаку ќе биде првата лига од „ТОП ПЕТ“ лигите која што ќе одигра првенствен меч на друг континент. За волја за вистината Супер купот на Италија одамна се игра на егзотичмни дестинации, како Пекинг, Доха, Шангај, Триполи, Ријад…..

 

ПретходноОдбојкарките одиграа уште еден егал-меч, но загубија од Грузија
СледноСтруга ТЛ се раздели со Кривањева