Уште едно големо име доаѓа во Ливерпул!

1347
Фото: ФЦ Ливперул/Твитер

Шампионот на Премиерлигата е во налет ова лето. Откако Ливерпул успеа да ги ангажира Џереми Фримпонг, Флорија Вирц и Милош Керкез, ги започна преговорите со Бредли Баркола, а се споменува и Александер Исак.

Сепак Ливерпул има намера да го засили и стручниот штаб откако досегашниот прв соработник на Арне Слот, Џони Хаитинга го презеде Ајакс.

Имено како што пренесуваат медиумите на Островот, најверојатно во Ливерпул како прв асистент доаѓа Џовани ван Бронкхорст. Тој е некогашен стратег на Глазгов Ренџерс, Феенорд и Бешикташ и важи за еден од најперспективните холандски стратези.

Инаку познато е дека Ван Бронкхорст во свое време беше дел од Барселона, покрај другите клубови, и еден од најдобрите холандски фудбалери.

ПретходноВо вторник ќе се одржи ждрепката за 1.квалификациско коло во ЛШ и ЛК, ова се сите можни ривали на нашите претставници
СледноВтор ден: Двојна програма на турнирот „Марко Божиновски“