Жренската кадетска одбојкарска репрезентација на Македонија загуби на денешниот натпревар за 5. место на Балканското првенство во Тирана. Избраничките на селекторот Митев беа поразени од домаќинот на шампионатот, Албанија со 3:1 (25:16, 25:27, 25:11, 25:19).
Македонија на ова Балканско првенство одигра четири натпревари на кои оствари само една победа и тоа во групната фаза против репрезентацијата на Косово. На преостанатите дуели со Бугарија, Турција и Албанија претрпевме порази.
Турција и Бугарија со кои игравме во групата вечерва ќе се сретнат во големото финале на Балканскиот шампионат.