
Во дуелот за третото место на Ф4 финалниот турнир од ракометната Лига на Шампиони, тимот на Нант е подобар од Барселона со конечни 30:25, и на тој начин го освои бронзениот медал.
Во првиот од двата денешни дуели, Нант успеа што се вели да се надмине себеси и да ја совлада големата Барселона, со што постигна историски успех.
Најдобар поединец кај победничкиот тим е Ордиозола со шест гола, па следуваат Ривера, Турнат и Абди со четири гола. Кај поразениот состав Ричардсон најдобар со осум гола.