Србија е победник на меморијалот „Марко Божиновски“

361

Србија е победник на меѓународниот турнир „Марко Божиновски 2025“. Во финалето оваа репрезентација беше подобра од Македонија А со 26-32 (13-16). За избраниците на Горан Кузманоски ова беше прв пораз на тунирот по двете победи против Босна и Катар.

Петтото место го освои Босна, која по изведување на пенали беше подобра од Романија. За третото место ќе се борат Македонија Б и Катар.

Четвртото издание на меморијалот во чест на Марко Божиновски е со репрезентативен карактер, учество земаа ракометари до 17 години.

ПретходноДоста им е од Онана: Аморим и Јунајтед го посакуваат најдобриот голман во светот!
СледноОфицијално: Тел е нов играч на Тотенхем