Баерн покажа дека вакво Светско клупско првенство не е за секого

2319
фото: Bayern (X)

Во меч кој ни оддалеку не наликуваше на меч од некакво Светско првенство, Баерн минхен го потопи Оукленд Сити со 10:0 на стартот на натпреварите на ФИФА Светското клупско првенство во САД. Во рамките на групата Ц (каде што се и Бенфика и Бока Јуниорс), Германците успеаја да го победат тимот од Нов Зелан со преубедлив резултат, откако уште на полувремето беше 6:0.

Веќе во 6-тата минута, Баерн поведе со голот на Коман, во 18-тата минута на 2:0 зголеми Саша Боје, а две минути подоцна уште еден гол во мрежата на Новозеланѓаните, овој пат стрелец беше Олисе. Коман со вториот свој гол уште две минути подоцна зголеми на 4:0.

До крајот на полувремето Милер и Олисе погодија и за 6:0,

Во второто полувреме, хет-трик на Мусиала за 9:0, а финалните 10:0 ги постави Томас Милер.

ПретходноФуксе Берлин се изгуби во „Ланксес Арена“, Магдебург моќно до титулата во ЛШ
СледноКуманово ќе биде домаќин на кошаркарите за дуелите со Унгарија и Романија