Уште едно големо и фантастично признание за нашата најдобра судијка Ивана Пројковска. Имено во соработка помеѓу УЕФА и КОНМЕБОЛ, преку програмата за размена на судии, како една од најдобрите во Европа, Пројковска е одбрана како претставник на УЕФА и тоа како главен судија да ја дели правдата на претстојното Копа Америка за жени кое ќе се одржи ова лето во Еквадор од 12 јули до 2 август.
Да потсетиме дека Ивана Пројковска беше дел од судискиот тим на последниот финален меч од Лигата за Шампионите за жени меѓу Арсенал и Барселона, а во текот на изминатата сезона судеше неколку важни мечеви во ова натпреварување. Исто така таа судеше и во нашата машка ПМФЛ каде во целост ја оправда довербата.
Нејзини помошнички на Копа Америка ќе бидат Џулиа Темпестили и Ирагатце Фернандез.
Ова е комплетната листа на судии за Копа Америка: