Денеска на СКП: Баерн против аматерите од Нов Зеланд, европско дерби во ЛА!

179

СКП почна со 0:0 и тоа во Мајами меѓу Интер Мајами и Ал Ахли. Денеска на програмата се два меча и тоа од 18 и 21 часот.

Прво во Синсинати Баерн Минхен се среќава со Оукленд Сити од Нов Зеланд. Може да се каже дека баварците ќе играат против аматерски тим со оглед на тоа дека овој тим на ова СКЛ не дојде во најсилниот состав, дел од играчите имале обврски на работните места.

Јасно е дека се освен убедлив триумф на германскиот шампион се останато ќе биде голема сензација.

Во 21 часот по македонско време, во Лос Анџелес, се игра европско дерби меѓу европскиот шампион, составот на ПСЖ и Атлетико Мадрид.

РАСПОРЕД

НЕДЕЛА

18:00 Баерн Минхен – Оукленд Сити (група Ц)

21:00 ПСЖ – Атлетико Мадрид (група Б)

ПОНЕДЕЛНИК

00:00 Палмеирас – Порто (група А)

04.00 Ботафого – Сиетл (група Б)

ФОТО: ФЦ Баерн Минхен/ФБ

ПретходноШампионот останува без голманот Ивиќ!
СледноКиву ќе прави “НОВ“ Интер!