Изненадувачки, прва трансферна цел на Милан е Гранит Џака

137

Иако ветеран, сепак, Гранит Џака е првата трансферна цел на тимот на Милан во моментов. Ако некој мислеше дека швајцарецот ги минал најдобрите години во фудбалот очигледно се излажал.

Според италијанските медиуми, новиот спортски директор на Милан, Игли Таре, го пикира Џака како приоритет кога станува збор за засилувањата.

Плус, ако на ова се додаде и Лука Модриќ кој што исто така е пред доаѓање на Сан Сиро, тоа значи дека Милан следната сезона би се базирал на искуство и тоа во голема мера.

Џака во моментов е дел од тимот на Леверкузен, но со оглед на неговите години не би требало да чини премногу, односно Милан не би имал проблем од финансиски аспект да го ангажира. Самиот Џака според информациите бил воодушевен од интересот од Италија.

 

ПретходноНант е третата европска ракометна сила
СледноКадетките поразени од Албанија во битката за 5. место на БП