Интер ќе го бара Хојлунд на позајмица

137

Тимот на Интер има нов тренер, во името на Кристијан Киву. Романецот планира нормално цела реконструкција на тимот, а дел од неа според италијанските медиуми е и доведувањето на Расмус Хојлунд.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед е една од желбите на Интер, но, во моментов парите кои што ги бара тимот од Олд Трафорд се преголеми за Интер. Цели 45. милиони евра се на маса, како побарување кое го има Манчестер, а опцијата е позајмица. Ќе видиме како ќе се одвива целата ситуација, а секако се прашува и самиот Хојлунд.

Сепак, Хојлунд секако дека е опција за ротација со Маркус Турам и Лаутаро Мартинез во почетниот состав.

 

ПретходноОфицијално: Гатузо е нов селектор на Италија
СледноНант е третата европска ракометна сила