Кадетките поразени од Албанија во битката за 5. место на БП

36

Жренската кадетска одбојкарска репрезентација на Македонија загуби на денешниот натпревар за 5. место на Балканското првенство во Тирана. Избраничките на селекторот Митев беа поразени од домаќинот на шампионатот, Албанија со 3:1 (25:16, 25:27, 25:11, 25:19).

Македонија на ова Балканско првенство одигра четири натпревари на кои оствари само една победа и тоа во групната фаза против репрезентацијата на Косово. На преостанатите дуели со Бугарија, Турција и Албанија претрпевме порази.

Турција и Бугарија со кои игравме во групата вечерва ќе се сретнат во големото финале на Балканскиот шампионат.

ПретходноИзненадувачки, прва трансферна цел на Милан е Гранит Џака
СледноШортс со 30 поени му ја донесе првата победа на Париз во француското финале