Дамир Крзнар го убеди нашиот интернационалец Аријан Адеми да се пресели во Унгарија. Поточно во тимот на Ујпешт каде што искусниот играч за врска ќе ја продолжи кариерата.
Крзнар во моментов е таму тренер, а конекцијата со Адеми е од времето кога беше кормилар на Динамо. Нормално, можноста да се ангажира играч како Аријан не се пропушта, па Крзнар инсистираше на такво нешто и успеа.
Адеми наскоро ќе биде претставен како засилување за унгарскиот тим, каде што порано настапуваа и Енис Барди и Виктор Ангелов.
Адеми летово си замина од Динамо Загреб, како дел од целата реконструкција на тимот кој сериозно се подмладува. Надвор од Хрватска, Адеми имаше само еден краток излет до Кина каде што настапуваше за тимот на Беижинг Гуан.