Екипажот на Ферари, составен од Роберт Кубица, Фил Хенсон и Џе Јифеи, триумфираше на 93-то издание на легендарната трка „24 часа Ле Ман“.
Италијанскиот производител дојде до третиот последователен триумф на најпрестижната трка во светот, со предност од 1 секунда во однос на екипажот на Порше, кој го сочинуваа Мет Кемпбел, Кевин Естре и Лоренс Вантор.
Другото Ферари, управувано од Џејмс Каладо, Антонио Џовинаци и Алесандро Пјер Гуиди, заврши на третото место на подиумот.
Победата на тимот AF Corse во голема мера се должи на екс-возачот во Формула 1, Полјакот Кубица, кој помина 10 часа во својот хиперавтомобил, вклучувајќи ги и последните три и пол часа од трката.